Пукање во Тетово – се истражува можна поврзаност со стари пресметки
Пред неколку минути во тетовската населба Теќе (улица 111) се случило пукање од страна на лице на мотоцикл во движење, пренесува Алсат ТВ.
Според првичните информации, инцидентот можеби е поврзан со убиството што се случи пред една година во истата населба, како и со друга вооружена пресметка помеѓу лица од село Гајре и градот Тетово, што се случила пред повеќе од една година во близина на тетовската болница.
Полицијата е присутна на местото на настанот и врши увид, а се очекува и официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи во најкус можен рок.