Анчелоти: Моја задача е да го направам Бразил повторно шампион
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти за првпат во јавноста зборуваше за својата нова работа во бразилската репрезентација. Италијанскиот специјалист го презеде националниот тим на Бразил откако го напушти Реал Мадрид пред само два дена.
Бразилската репрезентација е најтрофејната селекција во историјата на Светските првенства со пет шампионски трофеи (1958, 1962, 1970, 1994, 2002).