Денеска сончево со умерена облачност, попладне нестабилно

5

Денеска не очекува сончево време со умерена облачност, а попладне во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Температури: минимални од 4° до 12°, максимални од 18° до 26°.

Во Скопје:

Сончево и потопло, попладне со зголемена облачност и засилен северен ветер.
Температура: од 7° до 26°.

Прогноза:

  • Среда: нестабилно во западните делови

  • Четврток: пороен дожд и грмежи на повеќе места

  • Од петок: стабилно и потопло време

Makedonski