Општина Карпош преку соопштение предупредува за објект со „безбедносен ризик“

7

Пред пет дена Општина Карпош упати предупредување за објект со можен безбедносен ризик каде што идниот месец треба да се биде одржан концерт или гостување на неколку познати музички имиња.

Општинскиот градежен инспектор води постапка за бесправно изграден објект кој се наоѓа спроти поранешна американска амбасада или популарно, како што граѓаните го знаат клуб „АБЦ“.
Овој диво изграден објект по промена на повеќе сопственици во моментов го носи името Ria’s (Риа’с).
Покрај отпочнатата постапка согласно законските прописи и одбегнувањето на соработка со надлежниот општински инспектор, овие луѓе дрско закажуваат на 19 јуни настан со српската пејачка Наташа Беквалац, на 5 јуни со хрватската пејачка Јелена Розга и на 26 јуни со Владо Георгиев.
Преку ова соопштение ги известуваме Пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување…, дека овој објект е безбедносен ризик и не ги исполнува соодветните законски ни минимум безбедносни стандарди за вакви настани.
Општина Карпош ќе продолжи со постапката, но во исто време не може да се начуди на овие музичари и покрај немилиот настан во Кочани, како може да продолжат со настапи во диво изградени објекти, притоа загрозувајќи го својот и животите на посетителите.
Со почит
Општина Карпош
се вели во соопштението на Општината.
Makedonski