Генерација 2012 – срцето на Фит Кид Тетово
Фудбалската школа Фит Кид од Тетово – генерација 2012 и оваа година, трет пат по ред се шампиони на западниот регион на ФФМ кои со своите резултати покажуваат и докажуваат дека се сериозна екипа која се посигурно ќе вади успешни фудбалери со можни европски кариери.
Во фудбалската школа на Фит Кид Тетово, секоја генерација носи своја приказна, свој ритам и свој отпечаток. Но, кога ќе се спомне генерацијата 2012, срцата на тренерите, родителите и сите поддржувачи затреперуваат.
Оваа генерација е повеќе од талент – тие се пример за дисциплина, скромност и страст за напредок. На терен се борбени, посветени, но и надвор од него носат вредности кои се реткост: почит, другарство и вистинска љубов кон играта.
Секоја нивна насмевка, секој пад и секое ново станување се потсетник зошто постоиме – не само за да изградиме спортисти, туку и луѓе со карактер.
Во нивните очи гледаме желба да учат, да се подобруваат, да растат. И тие не нè учат само фудбал – тие нè учат на трпение, посветеност и искрена љубов кон она што го правиме.
Да, сите генерации се посебни, но 2012-та има нешто магично – чувство кое не се опишува, туку се чувствува. Тие се инспирација и благослов за нашата школа.
велат од Фит Кид.
Во исто време најмладите генерации 2015, 2016 и 2017 кои за прв пат биле пријавени во ФФМ лигата покажале поголема посветеност дури и од постарите генерации од другите екипи со кои се бореле и годинава завршиле на третото место.
Генерацијата 2010/2011 кои исто така атакувале кон шампионскиот пиедестал, оваа сезона завршуваат на второто место со научени лекции кога станува збор за притисокот кој се појавува кога се сонува за шампионска титула.
Од сето наведено може да се заклучи дека Фит Кид – Тетово веќе претставува синоним за успешни млади фудбалери кои сериозно „газат“ кон поголеми успеси, мотивирани и секогаш поддржани од своите тренери кои неуморно за време на сите тренинзи работаат со младите фудбалери.
Овие успеси се гарант за квалитетот на спортот во иднина но и успешни приказни за Тетово и воопшто младинскиот спорт во Македонија.