Членовите на Алијанса кои останаа во власта се кооптираа во ВЛЕН
Заменикот претседател на Владата, Изет Меџити во изјава за новинарите кажа дека сите членови на Алијансата кои не отидоа со Арбен Таравари се кооптирани во ВЛЕН.
Инаку како предлог за нов министер за здравство е предложен Азир Алиу, поранешен министер за информатичко општество и администрација за кој Меџити вели дека е добар менаџер кој го познава системот на работење како и тоа дека Алиу е можеби и најдобриот предлог за таа функција.