Претрес во Кисела Вода: Пронајдена марихуана, приведен 49-годишен скопјанец
Вчера во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес на подрачјето на Кисела Вода, при што го привеле 49-годишниот С.Н. од Скопје.
Како што информира МВР, при претресот во неговиот дом и други простории, спроведен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По насоки на јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Истрагата е во тек.