КОМЕМОРАЦИЈА – СОЊА КАРАНЏУЛОВСКА (1948 – 2025)
Почитувани роднини, пријатели и колеги, на 29 мај (четврток) во 12:00 часот во Македонскиот народен театар, ве покануваме да ѝ оддадеме почит на актерката Соња Каранџуловска, која пленеше на сцената со голема жар, со огромна амбиција кон големите дела и со беспрекорната работливост што ја красеше, а енергијата ја пренесуваше од сцената кон публиката и телевизискиот/филмскиот екран.
Вечен спомен за единствената Соња Каранџуловска!
РСМ НУ Македонски народен театар