Мартин Костовски: На адресата нема ни табла ниту вработени

8

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош, на адресата каде што е регистрирана фирмата „Памитекс“ – една од компаниите која доби тендер вреден 4 милиони евра од Министерството за внатрешни работи (МВР), објави денес организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.

„Станува збор за фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот. На адресата нема ништо – нема табла, нема вработени, нема никаков знак дека тука постои фирма која би можела да испорача специјализирани униформи за полицијатa.

изјави Костовски.

СДСМ го обвинува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за, како што велат, „директна вмешаност во скандал“ и побара јавно објаснување за начинот на кој е избрана компанијата „Памитекс“.

Сомнежи за фиктивно седиште и системска корупција

Костовски прашува како е можно фирма без историја, без капацитети и без вработени да добие милионски државен тендер, алудирајќи на можно фиктивно седиште и поврзаност со повисоки структури на власта.

„Ова не е само тендерски скандал – ова е класичен пример за системска корупција, која оди до самиот врв на власта.

додаде тој.

СДСМ најави дека случајот ќе биде пријавен до надлежните институции, вклучително и до Антикорупциската комисија, и побара јавноста да добие одговори за сите аспекти на овој случај.

Makedonski