СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ повторно неспремна за летни пожари – авијацијата не е сервисирана, институциите без капацитети

4

СДСМ ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека повторно ја дочека летната сезона без подготвеност за справување со шумските пожари, и покрај минатогодишното искуство кога, според проценките, беа зафатени речиси 10% од територијата на државата.

Цела година Владата не најде време да ги сервисира авионите, не набави опрема, не потпиша договори со екипи за брз одговор, и сега новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, отворено признава дека институциите се повторно неподготвени.

се наведува во соопштението на партијата.

Од СДСМ потсетуваат дека минатото лето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвинуваше тогашната власт за наводна нефункционалност, но резултатите покажале дека во неговиот мандат изгореле повеќе шуми отколку во последните 20 години.

Дали и оваа година ќе ја обвини СДСМ за пожарите, или конечно ќе преземе одговорност за институционалната неподготвеност?

прашуваат од СДСМ.

Тие додаваат дека владината коалиција е „распадната“, а функционерите се фокусирани на прераспределба на функции, наместо на итна подготвеност за заштита на природата и граѓаните.

Makedonski