Слободата на Јамал вреди 1 милијарда, годишната плата ќе му скокне до 20 милиони евра
Откако синоќа го потпиша новиот договор, сега стана јасно каква ќе биде откупната клаузула на Јамал за неговиот нов договор со Барса. Според информациите од Шпанија истата поставена на сума од 1 милијарда евра.
„Мундо Депортиво“ објави дека откупната клаузула на Јамал останува на 1 милијарда евра, а платата ќе се зголемува во зависност од неговите настапи. Договорот вклучува и разни бонуси, вклучувајќи награда за освојување на „Златната топка“.