Планирани водоводни активности во Скопје на 31 мај: Делумен прекин на водоснабдувањето во неколку населби

2

Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје соопшти дека во сабота, на 31 мај 2025 година, со почеток од 00.00 часот, ќе се спроведуваат активности за поврзување на главниот водоводен систем во делот кај Железара.

Како што информираат надлежните, ќе се изведува главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулациски вентил, како и поврзување на постојниот магистрален цевковод ф1600 мм со друг постоечки магистрален цевковод ф700 мм на булеварот „Александар Македонски“. Поврзувањето ќе се изврши преку новопредвидениот магистрален цевковод ф700 мм кој ќе се постави по трасата на идниот булевар „Хрватска“.

Според проценките, активностите ќе траат помалку од 15 часа, од кои најголем дел ќе бидат посветени на празнење и повторно полнење на цевководниот систем.

Поради интервенцијата, ќе има делумен прекин на водоснабдувањето во следните скопски населени места: Визбегово, булевар Босна и Херцеговина, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда (висока зона), Железара и Бутел 1.

Граѓаните од овие делови на Скопје се советуваат навреме да се снабдат со доволни количини вода за пиење и основни потреби, додека трае интервенцијата.

Makedonski