Трајко Славески избран за нов гувернер на Народната банка

4

Собранието на Република Северна Македонија доцна синоќа го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. За неговиот избор гласаа 68 пратеници, додека 16 беа против.

Славески е универзитетски професор по економија и поранешен министер за финансии во владата на Никола Груевски. Во последниот мандат беше претседател на Советот на Град Скопје.

Тој на функцијата ќе ја наследи досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, која ја водеше институцијата во турбулентен економски период обележан од пандемија, енергетска и ценовна криза, и геополитички тензии.

Именувањето на Славески доаѓа во време на значајни економски предизвици, а јавноста ќе го следи неговото прво обраќање и чекорите што ќе ги преземе како нов лидер на централната банка.

Makedonski