Ганиу ѝ истури ѓубре на Арсовска пред Град Скопје, таа го праша зошто веднаш избегал низ парк кога дознал дека таа доаѓа

3

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу доцна синоќа ѝ истури ѓубре на градоначалничката Данела Арсовска пред нејзината канцеларија во Град Скопје. Ганиу со 30-тината граѓани и камион полн со ѓубре тргнаа пешки од Чаир до Град Скопје и го расфрлија ѓубрето пред влезната врата на Градот.

Ганиу кажа дека го донеле ѓубрето кај Арсовска бидејќи таа и ЈП „Комунална хигиена“ не ги чистат контејнерите и општината е затрупана во смет, по што си заминаа.

Кусо после тоа, пред Град Скопје дојде Арсовска и нејзиниот тим и вклучувајќи се во живо на нејзниот фејсбук профил го праша Ганиу зошто веднаш избегал и не ја почекал да се соочат.

-Висар го собираше ѓубрето од дивоградбите и пак нелегално го истурил, сега пред Град Скопје. Се задржа пред Градот само три минути. Кога му пишав дека доаѓам одма фатил да бега низ паркот. Вики кај си бе, зошто бегаш? Да си маж ќе ме чекаше тука да дојдам и да ти ги покажам документите за твоите криминали, рече Арсовска.

Градоначалниката Арсовска изминативе две недели објавува документи за градба на дивоградби и незаконска легализација на дивоградби во Општина Чаир од градоначалникот Ганиу. Таа со нејзиниот тим оди на локациите каде се наоѓаат дивоградбите и го вика Ганиу да дојде да се соочи со неа.

Makedonski