Русија ја предупредува Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

8

Руската држава упатува остро предупредување до Јужна Кореја после изјавите на претседателот Јун Сук Јеол за можното испраќање на оружје во Украина.

Трезвено да се проценува ситуацијата и да се воздржи Јужна Кореја од непромислени чекори“

изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко.

Ваквите интенции на Јужна Кореја доаѓаат како одговор на активното Севернокорејско вклучување во руско-украинскиот конфликт со испраќање на нејзини војници на територијата на Украина.

Извештаите од САД, Јужна Кореја и Украина покажуваат дека повеќе од 10.000 севернокорејски војници биле испратени во Русија во октомври.

„Сеул мора да разбере дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање руски граѓани целосно би ги уништила односите меѓу нашите земји. Се разбира, ние ќе одговориме на сите начини што сметаме дека е неопходно. Малку е веројатно дека тоа ќе ја зајакне безбедноста на самата Република Јужна Кореја“.

рече Руденко.

Makedonski