Уапсен 27-годишен скопјанец по напад врз поранешна партнерка и минувачи во Карпош

5

Полицијата уапси 27-годишен маж од село Крушопек, скопско, под сомнение за физички напад врз својата поранешна партнерка, како и врз случајни минувачи кои се обиделе да ѝ помогнат.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 28 мај околу 22:20 часот во скопската општина Карпош. Полицијата реагирала по пријава и ноќеска, околу 01:00 часот, лицето Б.И. (27) бил лишен од слобода од страна на службеници од СВР Скопје.

Според пријавеното, Б.И. ја нападнал 23-годишната поранешна партнерка од Скопје, како и неколку минувачи кои се обиделе да интервенираат. Дополнително, тој е осомничен и за претходен напад на 25 мај годинава, кога околу 02:00 часот физички ја нападнал истата девојка и нејзината пријателка.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против уапсениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Makedonski