Во сабота протест во Скопје поради спорниот процес за изборот на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

33

Верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од неколку епархии најавуваат протест за сабота (31.05.2025) напладне во Скопје, поради, како што велат, незадоволство од начинот на кој се планира да се избере новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Протестот е најавен преку социјалните мрежи и, според објавените пораки, ќе се одржи пред резиденцијата на Архиепископот во населбата Кале со почеток во 12 часот.

Организаторите, кои велат дека не припаѓаат на ниту една формална организација, тврдат дека целта на собирот е мирен протест и изразување револт поради, како што посочуваат, непрозрачен и неправеден процес на избор на новиот митрополит.

Во пораките кои се шират на социјалните мрежи, тие повикуваат на достоинствено и мирно однесување, со почит кон Црквата, но и со јасно искажано несогласување со одлуките на Синодот.

Makedonski