Утре започнува државната матура – над 15.000 матуранти го полагаат испитот по мајчин јазик и литература

3

Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите ученици во завршна година.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), вкупно 15.004 ученици се пријавиле за полагање на матурата годинава:

  • 8.816 од средните стручни училишта

  • 5.966 од гимназиите

  • 222 од уметничките училишта

Распределба по јазици за утрешниот испит:

  • Македонски јазик – 9.969 ученици

  • Албански јазик – 4.339 ученици

  • Турски јазик – 292 ученици

  • Српски јазик – 10 ученици

Вториот, изборен екстерен испит, ќе се полага на 11 јуни, а најголем дел од учениците избрале англиски јазик:

  • Англиски јазик – 13.457 ученици

  • Математика – 1.246

  • Германски јазик – 73

  • Француски јазик – 24

  • Естетика – 62

  • Филозофија – 7

  • Руски јазик – 4

  • Италијански јазик – 3

За спроведување на испитите ангажирани се околу 2000 тестатори, а полагањето ќе се одвива во училиштата кои ги исполнуваат условите, додека за останатите ученици обезбедени се простории во амфитеатрите на факултетите.

Августовска сесија:

Учениците кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе имаат нова шанса:

  • 12 август – мајчин јазик и литература

  • 14 август – изборен екстерен испит

Локациите за полагање се објавени на веб-страницата на ДИЦ.

Успех на сите матуранти!

Makedonski