Герасимовски ги поканува скопјани на храна и музика во Паркот на Франкофонијата

5

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите скопјани денеска во 18:00 часот на културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи во Паркот на Франкофонијата.

„Ќе дегустираме вкусна традиционална македонска и европска храна и ќе уживаме во музика од диџеј Зоки Бејбе и бендот на Наде Талевска. Центар поврзува – преку храна и музика. Ве чекаме да го прославиме богатството на различности со убава трпеза и пријатна атмосфера.

порача Герасимовски.

Настанот, кој се организира од Општина Центар, има за цел да ја поттикне културната размена, дружењето и зајакнувањето на заедништвото, а е отворен за сите граѓани.

Освен во гурмански специјалитети, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во жива музика и позитивна енергија, што ја прави оваа вечер одлична можност за опуштање и споделување моменти со семејството и пријателите.

Makedonski