Герасимовски: Реконструкцијата на салата „Работнички“ во полн ек – кошарката се враќа дома во септември
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на салата „Работнички“ напредува со засилено темпо и дека во моментов се изведува една од клучните фази – бетонирање на подлогата.
Работиме интензивно култната сала да блесне во ново руво. Во тек е втората фаза од реконструкцијата, кадешто ја бетонираме подлогата според највисоки стандарди. Го враќаме сјајот на нашиот Работнички и од септември нашите кошаркари се враќаат дома, на победничкиот терен.
изјави Герасимовски.
Што опфаќа втората фаза?
Проектот за реконструкција на салата предвидува целосно модернизирање на објектот и исполнување на современи спортски стандарди:
-
Целосна реконструкција и проширување на теренот
-
Нова еластична подлога според ФИБА стандарди
-
Нови седишта во гледалиштето
-
Реконструкција на соблекувалните и туш кабините
-
Инсталација на климатизација и подно греење
Со завршувањето на реконструкцијата, салата „Работнички“ повторно ќе стане репрезентативен спортски објект во срцето на Скопје, каде што ќе се врати домашната атмосфера за кошаркарите и љубителите на спортот.