Осми по ред „Марш за ангелите“ – Кочани, денес во 16:05 часот
Денеска, семејствата на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“, со почеток од 16:05 часот.
Маршот ќе се движи по вообичаената маршрута:
Паркот на Револуцијата → Трговскиот центар → Општина Кочани → Полициска станица → Основен суд → Обвинителство.
Во пожарот на 16 март животите ги загубија 63 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.
Семејствата и блиските веќе осум месеци бараат одговорност, правда и транспарентност.
Нема да застанеме ниту за момент. Ќе се бориме за правдата на нашите деца до крај.
велат организаторите.
Овој марш е посветен и за поддршка на повредените, па се повикуваат роднините, пријателите, сите граѓани од источниот регион и пошироко да им се придружат.
Медиумите се повикани да го проследат маршот – за вистината да се слушне гласно и јасно.