Зеленски: Година и половина се подготвувавме за последниот напад врз Русија

6

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали „брилијантната операција“ насочена кон „воени цели“ на руска територија, откако беше соопштено дека нападот со беспилотно летало уништил повеќе од 40 руски авиони, пренесе „Гардијан“.

„Брилијантна операција беше спроведена на територијата на непријателот, само против воени цели и против опрема што се користеше за изведување удари врз Украина. Операцијата беше подготвувана повеќе од година и половина. Во операцијата беа користени 117 дронови и беа вклучени соодветен број пилоти на дронови“, изјави Зеленски.

Нападот на Украина врз Русија се случува во пресрет на мировни преговори. Како што објави Мета, Украинските преговарачи на разговорите закажани за 2 јуни во Истанбул ќе ѝ презентираат на руската страна предложен план за постигнување траен мировен договор, јавува Ројтерс. Предложениот план започнува со целосен прекин на огнот од најмалку 30 дена, по што ќе следи враќање на сите затвореници што ги држи секоја страна и на украинските деца однесени на територија под руска контрола, а потоа средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин.

Makedonski