Бугарски и грчки европратеници со 300 амандмани за извештајот за Македонија

5

Во амандман на бугарски европратеник се бара македонскиот идентитет и јазик да бидат споменати како сегашни. Гласањето за амандманите е со мнозинство, а за извештајот ќе гласа следниот месец.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски деновиве изјави дека кај источниот сосед сѐ уште е жива политиката на живковизмот и дека ваквото однесување на Софија докажува дека за нив не е важно Бугарите да влезат во македонскиот Устав, туку дека се работи за борбата за целосна асимилација. „Суштината е асимилација, исто како што во пописот 56-та година од минатиот век во соседна Бугарија постојат скоро 200 илјади Македонци, а во пописот 65-та, едвај 9 илјади“, рече Мицкоски. Тој ги повика политичарите во Брисел внимателно да ги слушнат пораките кои доаѓаат од нивните бугарски колеги и дали тие имаат врска со европските вредности.

Позицијата на официјална Софија останува непроменета – непризнавање на македонскиот идентитет, јазик и историја, непризнавање на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, неспроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, но инсистирање за впишување на граѓаните со бугарска самосвест во македонскиот Устав.

Наспроти ова, во извештајот за 2024 година на Европската слободна алијанса (ЕФА) пишува дека кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката идеологија што доминира уште од комунистичката ера, во која негирањето на постоењето на македонското малцинство и нација, како и третирањето на самата идеја како непријателска кон Бугарија, играат клучна улога.

Анкета на „Евробарометар“ само ги потврдува ефектите од непринципиелните европски политики за регионов

Последната анкета на „Евробарометар“ (март/април) покажува дека довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора и Албанија, а најниска во Србија. Во Македонија таа изнесува 54 отсто, додека 42 отсто не ѝ веруваат. Лани во Македонија таа доверба беше 56 отсто. Ова е јасен показател за трендот на паѓање на довербата во ЕУ кај македонските граѓани.

Кога станува збор за членството во ЕУ, 50 отсто од македонските граѓани веруваат дека тоа ќе се случи, додека другата половина е скептична.

Makedonski