Од полноќ, сите горива ќе бидат поевтини
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе изнесува 74,5 денари за литар. Истото намалување од 0,5 денари важи и за ЕУРОСУПЕР 98+, кој ќе се продава по 76,5 денари за литар.
Исто така, за 0,5 денари се намалува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ, кој ќе чини 65 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по нова цена од 67,5 денари, наместо досегашните 68.
Од друга страна, мазутот поскапува за 0,4 денари, па од утре ќе чини 37,9 денари по килограм.