Амбасадорката на Р.С. Македонија испрати писмо со благодарност до извршниот директор на Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија
Во знак на длабока благодарност за грижата и спасувањето на најтешко повредените деца и млади од Кочани по трагичниот пожар.
Дозволете ми да ја изразам мојата најискрена благодарност до Вас и целиот тим на болницата „Пирогов“ за вашата пожртвуваност и посветеност кон македонските пациенти повредени во трагичниот пожар во Кочани, за кои се грижевте од самиот ден на несреќата.
напиша амбасадорката Агнеза Руси Поповска.
Во писмото таа нагласува дека „Пирогов“, како и цела Бугарија, ги пречекале повредените граѓани од Македонија со отворени срца и раце.
Вашата брза реакција и подготвеност да помогнете беа зрак надеж во тие исклучително тешки моменти за сите нас. Исклучителната грижа, хуманоста и професионалната медицинска помош што им ја пруживте на пациентите беа од клучно значење за нивното закрепнување и безбедно враќање дома. Со вашата посветеност, вие ги надминавте границите на медицината и дадовте пример за човечност, сочувство и вистинско пријателство. Македонскиот народ засекогаш ќе ја памети вашата солидарност и несебичност.
истакнува таа.
Инаку, трагичниот пожар избувна во ноќта меѓу 15 и 16 март во преполна дискотека, при што загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени. Дел од повредените сè уште се лекуваат во странство.