Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“,
Настанот ќе претставува мултимедијален концерт посветен на филмската музика, што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката.
Замислуваме музички спектакл што ќе ја потсети публиката на незаборавните македонски шлагери, но и на вечните филмски мелодии од светската музичка сцена. Овој концерт ќе нè поврзе, ќе нè врати низ времето и ќе разбуди искрени емоции.
изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Според условите на јавниот повик, пријавените треба да понудат едночасовна програма со оригинални аранжмани, која ќе биде изведена од еден машки и еден женски вокал (за соло и дует изведби), како и инструментални музичари, вклучувајќи гудачки камерен оркестар, саксофон, флејта и бенд со следната поставеност: клавијатура, гитара, бас гитара, тапани и придружни вокали.
Право на учество имаат сите здруженија, организации и правни лица од областа на културата, уметноста и маркетингот со регистрирано седиште во Општина Центар. Рокот за аплицирање е пет дена од денот на објавувањето на повикот.
За реализација на проектот „Центарска симфонија“ предвидени се вкупно 450.000 денари.