Во рок од само 11 месеци, коалицијата составена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го доведе Фондот за здравствено осигурување до работ на колапс, изјави Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Таа додаде дека болниците не функционираат, фондот е испразнет, а здравствениот систем е во сериозна криза.
Цветаноски побара итна оставка од актуелниот директор на Фондот, Сашо Клековски, наведувајќи дека состојбата на терен е алармантна.
Во болницата во Кочани нема ни основни медицински материјали – нема завои, инфузии, ниту лекови. Пациенти лежат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнери сè уште не можат да се договорат кој ќе биде министер, откако пропаднаа нивните договори за поделба на здравството.
рече таа.
Според неа, наместо Владата да расчисти со коруптивните тендери, да обезбеди лекови и подобри услови во болниците, најавува зголемување на придонесите – мерка која според СДСМ ќе значи повеќе давачки за граѓаните, а уште помалку здравствена услуга.
Директорот Клековски отворено зборува дека ова е следниот чекор – зголемување на давачките. Тоа е нов товар за секој работник, секое семејство, секој стопанственик.
потенцира Цветаноски.
Таа побара одговор и за тоа каде завршиле досегашните пари од придонесите, и праша:
„Дали пари недостигаат затоа што две фирми добија енормни суми од Фондот? Зголемувањето на придонесите не е реформа, туку покритие за неспособноста на власта. Кој профитира додека пациентите страдаат? Кој заработува на здравјето на граѓаните?“, запраша таа, повторувајќи го барањето за оставка на Клековски.