ТХП: Поддржуваме измени во изборниот модел со цел фер застапеност на помалубројните заедници
Партијата за движење на Турците (ТХП) ја изрази својата подготвеност да учествува во дебатите за реформа на изборниот модел и ја поддржа иницијативата за отворен и сеопфатен дијалог околу можните измени во Изборниот законик, со фокус на воведување една изборна единица.
Од ТХП посочуваат дека веќе подолг период бараат промена на изборниот систем, со цел да се овозможи фер и правично претставување на помалубројните етнички заедници во Собранието.
Нашиот официјален став е воведување посебна изборна единица наменета за партиите на помалубројните етнички заедници, каде тие ќе се натпреваруваат меѓусебно. Со тоа, гласачите од овие заедници ќе имаат можност да гласаат во рамки на таа единица, а пратеници ќе бидат избрани само од листите што ќе го поминат утврдениот изборен праг.
појаснуваат од партијата.
Според ТХП, ваквиот модел би ја подобрил парламентарната застапеност не само на турската заедница, туку и на сите други помалубројни етнички групи, што би придонело за унапредување на мултикултурниот карактер на Северна Македонија.