Светскa пинг-понг елитa во Скопје на WTT Contender Skopje 2025

4

Од 9 до 15 јуни, спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на еден од најпрестижните турнири во светскиот пинг-понг – WTT Contender Skopje 2025, дел од серијата на World Table Tennis.

На турнирот ќе настапат врвни светски пинг понгари, меѓу кои и легенди на спортот, а натпреварите ќе се играат целодневно во текот на сите седум дена.

Ова е првпат Македонската пинг-понг федерација да организира настан од ваков калибар, а влезот за публиката е бесплатен, што претставува одлична можност за љубителите на спортот да уживаат во спектакл од светска класа.

Makedonski