По две децении бегство, уапсен „Командант Бреза“
По речиси 20 години во бегство, македонските безбедносни служби успеаја да го пронајдат и уапсат Хамди Бајрамовски, познат под прекарот „Командант Бреза“.
Против Бајрамовски уште во 2003 година беше распишана меѓународна потерница по налог на Основниот суд Скопје II, поради сериозни кривични дела, меѓу кои и повреда на член 237 од Кривичниот законик, како и други тешки прекршувања на законот.
Иако со години беше во бегство, неговото име постојано се спомнуваше во јавноста, особено поради улогата во конфликтот од 2001 година, кога го доби надимакот „Командант Бреза“.