Арсовска до Мицкоски: Не се плашам и не се повлекувам – заштити го законот, а не криминалот

4

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во писмено обраќање го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека му дозволува на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, нелегално да легализира дивоградби и дека не реагира на пријавен криминал. Според Арсовска, таа и нејзиниот тим повеќе од три години спречуваат узурпации на урбан простор во Чаир, но институциите молчат, а наместо поддршка, се соочува со притисоци и закани.

Мицкоски, денес ти се обраќам како жена, човек и градоначалник. Го пријавивме случајот со дивоградбите во Чаир до надлежните институции, но нема реакција. Напротив – сега се обидуваат да ме заплашат.

истакна Арсовска.

Таа директно го прашува Мицкоски зошто, иако е веќе една година на чело на Владата и има свој министер за внатрешни работи, не презема конкретни мерки против функционери од ДУИ, кои, како што вели, се дел од мрежа на урбанистички криминал.

Висар Ганиу правел фалсификати на документи во катастарот за дивоградби. Го фативме во криминал, а наместо да нè заштитиш, ти го браниш.

вели таа. Арсовска тврди дека зад обидите за нејзино дискредитирање стојат луѓе блиски до власта, кои како што нагласува ја користат етничката карта за да ја прикријат корупцијата.

Ако не си дел од нивните криминали – реагирај. Ако си – тогаш си соучесник. Јас нема да се повлечам, бидејќи имам докази за сè. Биди премиер на сите граѓани, а не адвокат на локални моќници.

порачува Арсовска.

Таа го повика Мицкоски да постапи без разлика на политичките или лични релации, и да покаже дека институциите навистина функционираат за сите граѓани подеднакво.

Makedonski