Албанија пред туристички бум, но по цена на природата и одржливоста

5

Албанија, до неодамна скриен европски бисер, доживува огромен пораст на туризмот кој, според експертите, може да има сериозни последици по локалната заедница и животната средина.

Од 2015 година бројот на туристи речиси се зголемил тројно – од 3 милиони тогаш на 10 милиони во 2023 година. Ова претставува зголемување од 56% во однос на бројките пред пандемијата. Владата има амбициозни планови – до 2030 година Албанија да привлекува дури 30 милиони туристи годишно, што е повеќе од земји како Португалија или Хрватска, пренесува британскиот Express.

Меѓутоа, зад оваа бројка се крие сериозна загриженост. Уесли Дидани од Saranda Web предупредува на неконтролирани туристички инвестиции, особено во крајбрежните подрачја, каде недостасува соодветно урбанистичко планирање. Како пример го посочува Саранда, каде се забележани случаи на фрлање градежен шут директно во морето.

Интересот за инвестирање расте – меѓу најпознатите имиња се Џаред Кушнер и Иванка Трамп, кои добија дозвола да градат луксузен хотел вреден 1,4 милијарди долари на островот Сазан.

Според податоците на Светскиот туристички совет, Албанија е трет најбрзо растечки туристички пазар во светот, веднаш зад Катар и Порторико. Но, додека бројките растат, се поставува прашањето – дали државата ќе успее да најде рамнотежа меѓу економскиот развој и заштитата на природата?

Makedonski