ДУИ ќе настапи со отворени листи на следните избори, најави Бујар Османи
Поранешниот министер за надворешни работи и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи, соопшти дека партијата на следните парламентарни избори ќе настапи со отворени листи.
Ова е најправичниот начин да се засили гласот на граѓаните и да се обезбеди автентично претставување во Собранието.
изјави Османи.
Според Османи, ваквиот модел ќе им овозможи на граѓаните не само да гласаат за партија, туку и да изберат конкретни кандидати што ќе ги претставуваат во Парламентот.