Падна холандската влада – Вилдерс ја напушти коалицијата поради азилантската политика
Холандската влада се распадна утрово откако лидерот на крајно десничарската Партија за слобода (PVV), Герт Вилдерс, се повлече од коалицијата поради несогласувања околу плановите за миграција и азил.
Нема договор за нашите планови за азил, нема промени во коалицискиот договор. PVV ја напушта коалицијата.
објави Вилдерс на социјалните мрежи.
Вилдерс претходно предложи план од десет точки за остри мерки против миграцијата, вклучувајќи затворање на бегалските центри и враќање на сириските бегалци. Откако останатите коалициски партнери одбија да ги поддржат неговите барања, тој го официјализираше излегувањето од владата.