Германија размислува за враќање на задолжителниот воен рок

4

Германија би можела повторно да воведе задолжителна воена служба уште в година, ако недостасуваат доброволци за исполнување на обврските кон НАТО, изјави министерот за одбрана, Борис Писториус.

Воената служба беше укината во 2011 година, но поради растечкиот притисок од НАТО и страв од потенцијална руска закана, Берлин сега разгледува модел сличен на шведскиот – комбинација од селективна, задолжителна и доброволна служба.

Прво се базираме на доброволно учество. Ако нема доволно пријавени, ќе преминеме на задолжителност.

изјави Писториус за Франкфуртер алгемајне.

Канцеларот Фридрих Мерц претходно најави амбиција Бундесверот да стане најсилната армија во Европа, а НАТО бара значително проширување на германските вооружени сили на околу 460.000 војници и резервисти.

Makedonski