Тешко повредено деветгодишно девојче во сообраќајка во Гостивар

4

Вчера околу 18:15 часот на улицата „Боге Белјаноски“ во Гостивар, 9-годишно девојче било тешко повредено откако во неа удрило патничко возило марка „Опел“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од 66-годишниот Р.Б. од село Чегране.

Повредената била пренесена во болницата во Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

 

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Makedonski