Сиљановска-Давкова: „Родовата еднаквост не е бројка, туку слика на општествената стварност“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на конференцијата „25 години родови податоци“, организирана од Државниот завод за статистика во партнерство со UN Women и амбасадата на Кралството Шведска.
Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова им честиташе на организаторите за јубилејот и ја истакна важноста од точни и сеопфатни податоци кои ја отсликуваат реалноста на сите граѓани – не само на доминантните, туку и на маргинализираните групи што предолго биле „невидливи“ за општеството.
Родовата еднаквост не е само статистика, туку реална општествена слика – цел што може да се постигне само со солидарност, соработка и учење едни од други.
порача таа и додаде дека секој податок претставува нечиј живот, секоја бројка раскажува вистинска човечка приказна, и трудот на секој човек – без оглед на полот – мора да биде еднакво вреднуван.
Конференцијата, воедно, е дел од активностите за одбележување на 80 години од основањето на Државниот завод за статистика.