Огледало без одраз

35

Деновите кога се размислуваше кој од трите понудени предлози за гувернер на Народната банка, имав порив да напишам нешто но оставив простор да видам дали претседателката ќе го одржи зборот кој го даде на денот на инаугурацијата во македонското Собрание.

Инаугурациски говор на Гордана Силјановска – Давкова

Но како по обичај сите тие алтан зборови кои претседателката ги „нафрли“ на „гладниот“ аудиториум во преполната собраниска сала всушност биле проформа и дека вистинското лице на „првата помеѓу еднаквите“ ќе го видиме за доста брзо време, точно една година и неколку дека после устоличувањето и воспевот за жените на пиедесталот како и за заложбите токму жените да бидат приоритет во нејзиното владеење со „нашата држава“.

Имам различно мислење за учеството на жените во политичкиот живот но не се сметам себеси за „женомразец“ можеби не сум толкав феминист како Претседателката но почитувам женски авторитет па така си мислев дека Бежовска сепак е најдобриот избор да биде гувернер на Народната банка особено покрај двајцата други предлози. Но, моето мислење е само мое, Таа одлучи гувернер да биде потомокот на Вељан од Речица кој ги накодошил војводите Аргир Маринов, Никола Митрев и Цветко Стојанов со нивните чети и го предизвикал колежот во Рашанец 1903 година.

Толку од „женскиот пиедестал“, толку од заложбите учените жени да го оправаат ова наше чудно општество толку од хвалоспевите кон нас „гладните“ за промени. Според Претседателката, Трајко Славески е најдоброто „женско“ решение за одговорната гувернерска функција.

И денеска, истата таа „феминистка“, „борец за женските права и слободи“ повторно „беседи“ за улогата на жените во општествено-политичкиот живот на Македонија.

https://makedonskiportal.com/3992/

Госпоѓо Претседателке, што е многу, многу е, не до толку заради Вашите лаги туку заради образот, ако знаете што е тоа „образ“.
Ако извршната Власт е чешитна, верувавме дека токму Вие ќе бидете образот на нацијата во наредниве 3-4 години ама не со хипокризија. Ако нацијата е навикната не значи дека треба нонстоп да се повторуваат истите работи.
Продолжуваме понатаму, гордо со подигната глава… „Векови пеколни, заедно ќе минеме…“

 

Шифра: Лисицата

 

 

Makedonski