Кос: Бугарија и Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение
Скопје и Софија да разговараат и да најдат решение за проблемот. Еврокоооесарката за проширување, Марта Кос им порача на Македонија и Бугарија да го надминат билатералниот спор кој се испречи пред земјава на патот кон ЕУ.
Пред со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката се понуди да посредува меѓу двете страни со цел побрзо решавање на билатералното прашање.
-Бугарија и Северна Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение за ова билатерално прашање и јас стојам на располагање како олеснувач, ако е потребно. За мене проширувањето е многу повеќе од само проширување. Туку станува збор за обединување на Европа. Тоа не е само морална неопходност, туку јасен услов за посилна и побезбедна Европа, Марта Кос еврокомесар за проширување.
Еврокомесарката откри и дека во комисијата се разгледуваат начини за поедноставување на процедурите за пристапување во Европската Унија, со цел да се избегне ризикот билатерални прашања да го забават процесот.
Претседателката гордана сиљановска давкова пак смета дека во европскиот извештај за напредокот на земјава кој треба да биде објавен утре, реално ќе биде отсликана ситуацијата.