Најниско ниво за руската Рубља во последните две години

4

Најниско ниво на руската рубља за последните две години е измерена, а е резултат на ниските цени на нафтата како и санкциите кон руските компании и зголемените Владини трошоци околу воениот сегмент кој дополнително ја оптоварува руската економија.

Централната банка на Русија одговори со суспендирање на купувањето валути до крајот на оваа година, потег со кој се сака да се ограничи понудата на рубљата на пазарот и да се стабилизира нејзиниот девизен курс.

Скоро слична мерка била воведена и минатата година по бунтот на платеничката група Вагнер, што предизвика криза на довербата во руската економија.

Makedonski