Две жени тешко повредени во сообраќајни инциденти во Тетово
Две жени вчера се здобиле со тешки телесни повреди во одделни сообраќајни несреќи што се случиле на тетовските улици, информираше СВР Тетово.
Првиот инцидент се случил околу 14 часот на крстосницата меѓу улицата „121“ и булеварот „Видое Смилевски-Бато“, каде 53-годишна жена од село Добарце била удрена од електричен тротинет. Возачот, по ударот, побегнал од местото на несреќата, а на повредената ѝ биле констатирани тешки повреди во тетовската болница.
Неколку часа подоцна, 67-годишна жена, која исто така се движела пеш, била удрена од мотоцикл. И таа со тешки повреди била префрлена во болничкиот центар.
Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи, особено за идентификација на лицето кое управувало со електричниот тротинет и побегнало по несреќата.