Седумдесет и тригодишна туристка од Србија трагично го загуби животот на полуостровот Касандра
Седумдесет и тригодишна туристка од Србија трагично го загуби животот на полуостровот Касандра, Халкидики, откако била извлечена во бессознание од морето во близина на градот Сивири, пренесуваат грчките медиуми.
Инцидентот се случил во среда попладне, а веднаш по извлекувањето од водата била повикана Пристанишната управа на Неа Мудања. Жената била транспортирана со возило на брза помош до Здравствениот центар во Касандра, каде што, за жал, лекарите само можеле да ја констатираат смртта.
Надлежност за случајот презеде Вториот оддел на Пристанишната служба во Неа Мудања, кој ја води прелиминарната истрага. По наредба на истражните органи, ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Солун, со цел да се утврдат точните причини за смртта.