Општина Аеродром повикува на заедничка прослава за дванаесеттата титула на КК „МЗТ Скопје“

5

Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ вечерва организираат традиционална средба со шампионскиот тим, со почеток во 19 часот на платото пред хотелот „Русија“. Настанот е организиран по повод освојувањето на дванаесеттата титула на клубот.

Како што информираат од Општината, средбата е можност навивачите, симпатизерите и љубителите на спортот да се сретнат со кошаркарите и тренерскиот тим, да добијат автограми, да се фотографираат и да прослават заедно со музика и весела атмосфера.

Настанот е отворен за сите граѓани, без оглед на возраста, и има за цел да го одбележи успехот на тимот и да ја зајакне заедницата околу спортот и клубот.

Makedonski