Курто Дудуш: Доволно долго ти го криев срамот Данела!

7

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш со остра критика за индолентниот однос на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска кон општината. Тој на својот фејсбук напишал:

Поради нефункионирање на Град Скопје и нередовно подигање на комунален отпад од општина Шуто Оризари, граѓаните на општината се принудени својот отпад да го истураат на улица и со тоа да се ствараат диви депонии во населбата.
По протестот на граѓаните со поддршка на општината со кој се искажа револтот на граѓаните за нефунционирањето на ЈСП, како знак на “реваншизам” сите инспектори на Градот Скопје се во општина Шуто Оризари и ги следат нашите комунални активности и работници кои ја вршат работата на Градот во ситуација кога општината е заборавена од Данела.
За да излеземе во пресрет на нашите граѓани, а во насока на продолжување на нашата работа во одржување на чиста средина од денес ќе поставиме големи контејнери на сите критични точки во општината, во кои граѓаните ќе може да го одлагаат својот отпад доколку не се опслужени од Градот, а службите на Градот Скопје како надлежни ќе мора редовно да ги одржуваат и одлагаат.
Ги замолуваме сите граѓани кои се соочуваат со проблем од областа на редовен комунален сервис од Град Скопје да предложат локации за поставување на контејнерите.
Контејнерите се добиени во рамки на аплициран и добиен проект на општината од Министерство за животна средина.
Makedonski