Будно се следи состојбата на повредените кои сеуште се лекуваат на клиниките во Македонија и странство

8

Во моментот, вкупно 12 лица повредени во трагичниот пожар се хоспитализирани, од кои 7 се на лекување во странство:

  • Србија – 2 пациенти

  • Грција – 2 пациенти

  • Турција – 2 пациенти

  • Словенија – 1 пациент (во тешка, но стабилна состојба, се рехабилитира таму)

Во земјата се лекуваат 5 пациенти, од кои:

  • 6 се на Клиниката за пластична хирургија

  • 10 во болницата „Св. Наум Охридски“

  • 16 се на третмани со плазма (со и без тромбоцити)

Дополнително:

  • 38 лица се на амбулантски третмани и преврски во болниците „8 Септември“, „Св. Наум Охридски“, „Аџибадем Систина“ и болницата во Кочани (5 пациенти)

  • 46 пациенти се на физикална терапија, 45 од нив во Кочани, а 1 лице во „8 Септември“ (со комбиниран третман)

Медицински ресурси и логистика:

  • Во Општата болница Кочани се ангажирани 2 физијатри и 4 физикални терапевти.

  • Формиран е дополнителен пул од 15 физијатри и 6 терапевти од Клиниката во Козле и „8 Септември“ за поддршка на процесот.

  • Работната група за мониторинг досега оценила состојбата на околу 160 повредени, додека околу 15 се уште се во процес на контакт и вклучување во системот за рехабилитација.

Според директорот на ФЗО, рехабилитацијата ќе трае подолг период, а лекарите од работната група (вкупно 7) ќе прават редовни проценки на напредокот на секои 1 до 2 месеци.

Makedonski