Христијан Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Африм Гаши го честитаа Курбан Бајрам на сите припадници на муслиманската вероисповед
Политичките лидери во земјата денеска упатија честитки до сите припадници на муслиманската вероисповед по повод големиот верски празник Курбан Бајрам. Премиерот, претседателката и претседателот на собранието го истакнаа значењето на празникот за заедништвото, солидарноста и меѓусебното разбирање во општеството.
Во своите честитки, тие повикаа на почитување на традициите и вредностите на верскиот празник и ја потенцираа потребата од заемна поддршка и разбирање помеѓу сите граѓани, без разлика на верската или етничката припадност.
Мицкоски во својата честита напиша дека празникот Курбан Бајрам не потсетува на вистинските вредности и принципи во животот, а тоа е да правиме добри дела, да помагаме и да сме хумани бидејќи хуманоста и солидарноста се најголемите човечки особини. Исламската заедница и сите нејзини верници се дел од оваа држава, затоа потребно е да си подадеме рака и да ги почитуваме различностите, бидејќи само така ќе изградиме држава на среќни и задоволни граѓани. Нашата заложба е државата да ја градиме во меѓусебно разбирање, почитување, доверба и толеранција. Тоа ќе го постигнеме само доколку сме обединети заедно.
Мицкоцски изјави „Како Влада за краток период успеле да ја трансформираат државата, преку дијалог и соработка да реализираме проекти од кои најголеми придобивки ќе имаат сите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. Но, потребни се крупни чекори за остварување на заедничките цели и затоа нека борбата за подобра иднина, надеж и поквалитетен живот бидат нашата заедничка водилка за успешна и победничка Македонија, држава дом за секој граѓанин и Македонија држава на промените.“
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во нејзината честита напиша „Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан бајрам и од сѐ срце да Ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов. Како празник на дарувањето и на помагањето, Курбан бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата. Како општество, отсекогаш се истакнуваме со солидарноста, сплотеноста, почитта и грижата, и тоа мора и понатаму да го чуваме и да го негуваме.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го честита празникот Курбан Бајрам со честитката „Во мое лично име и во името на Собранието на Република Северна Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам. Овој светол ден на жртвувањето нè потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека празничните денови внесат духовен мир, здравје и изобилство во Вашите домови, а солидарноста и милосрдието што ја одликуваат бајрамската традиција послужат како поттик за уште поголема меѓусебна почит и заедништво во нашето мултикултурно општество.
„Убеден сум дека, со заедничка посветеност, сите ќе продолжиме да го јакнеме соживотот, толеранцијата и хуманоста во нашата држава. Собранието останува цврсто посветен партнер во унапредувањето на слободата на вероисповед и во градењето општество на еднакви можности за сите. Нека Курбан Бајрам Ви донесе радост, благосостојба и благослов во секое семејство“, пишува во честитката.“