Без струја корисници од неколку улици во Кисела Вода
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисници од неколку улици во Кисела Вода.
Како што информираат од РЦУК, во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Иван Хаџиниколов“, „Герника“ и „Сердарот“ во населба Драчево, општина Кисела Вода.