Падна авион во Тенеси, нема жртви, повеќемина се повредени
Во округот Кофи, во Тенеси, се урна авион со околу 20 лица. Некои од повредените патници беа префрлени со хеликоптер во блиската болница и според првичните извештаи, немаше жртви.
Несреќата се случила во близина на регионалниот аеродром Тулахома, а според првичните информации, станува збор за авион за падобранци.
Според полицискиот извештај, несреќата се случила околу 12:15 часот. Авионот се урна во близина на аеродромот, а локалните власти и службите за итни случаи веднаш реагираа на местото на настанот.
Шест лица се префрлени во болници со хеликоптер, додека други беа прегледани на лице место.