Рестрикции на вода во Центар, а на струја во Карпош и Аеродром

3

Без вода денеска од 8:40 часот ќе бидат корисниците од улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“ и „Банатска“ во населба Центар.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на ул. „Самоилова“ бр.50 во Центар.

 

Без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Карпош и Аеродром.

Како што соопшти РЦУК – СКОПЈЕ,  во периодот од 08.30 до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Франце Прешерн“ во општина Карпош, а од 09.00 до 13.00 часот корисниците од улиците „Симеон Кавраков“, „Петар Ацев“ и „Анастас Митрев“ во општина Аеродром.

 

Makedonski