Почнуваме со Малта: Калин денеска ги предводи тенисерите во Дејвис Купот

5

Денеска од 10:30 часот на терените на ТК Југ во Скопје стартуваат натпреварите од Третата Европска група од Дејвис купот. Македонија на стартот ќе се сретне со селекцијата на Малта, а нашиот тим ќе биде предводена од Калин Ивановски, кој по една година се враќа во националниот тим (поради повреда отсуствуваше лани), а покрај него во тимот се уште: Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ, Стефан Мицов и најмладиот Кристијан Јанев.

Во првото коло покрај мечот Македонија – Малта играат уште: Летонија – Црна Гора и Молдавија – Ерменија.

Makedonski